Дома Фудбал Останато Денес ни заминува големиот Фернандо Торес и тоа во натпревар против Дон Андрес!

Денес ни заминува големиот Фернандо Торес и тоа во натпревар против Дон Андрес!

Легендарниот шпански фудбалер, Фернандо Торес се одлучи за заминување во пензија.

Популарниот „Ел Нињо“ денес има 35 години и настапува за јапонскиот клуб Саган Тосу. За нешто повеќе од еден час тој ќе го започне последниот натпревар во кариерата.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Неговата екипа во рамките од јапонската лига на домашен терен ќе игра против Висел Кобе и тоа ќе биде последниот натпревар за Торес. Интересно е што во тимот на Висел Кобе игра Андрес Иниеста, неговиот долгогодишен соиграч од репрезентацијата, па простувањето ќе му биде уште поинтересно.

Торес неговиот последен натпревар го најави на Твитер.

За неговата кариера не треба посебно да се трошат зборови. Најславните денови ги помина во Атлетико Мадрид и Ливерпул, а после заминувањето од редовите на „црвените“ доживеа голем пад на формата.

Сепак, подоцна се врати во Атлетико Мадрид со кој играше финале во Лигата на шампионите во 2016 година.

За репрезентацијата на Шпанија одигра 110 натпревари и постигна 38 голови. Со „Црвената Фурија“ се искачи на врвот на европскиот и светскиот трон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија!?

Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерп…