Дома Фудбал Лига на шампиони Денес е ждребот за групите во ЛШ – ова се шеширите

Денес е ждребот за групите во ЛШ – ова се шеширите

Ждребот за групната фаза во Лигата на шампионите ќе биде направен денес.

Во 18:00 часот најдобрите 32 тима ќе ги дознаат своите ривали во групите, а шеширите ќе изгледаат вака:


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Прв шешир

Ливерпул, Челзи, Барселона, Манчестер Сити, Баерн Минхен, Јувентус, ПСЖ и Зенит.

Втор шешир

Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Наполи,Тотенхем, Ајакс, Бенфика и Шахтјор Доњецк.

Трет шешир

Лион, Леверкузен, Салцбург, Олимпијакос, Валенсија, Интер, Динамо Загреб, Бриж

Четврт шешир

Локомотив Москва, Црвена Звезда, Генк, Галатасарај, Лајпциг, Славија Прага, Аталанта, Лил.

Правилата на ждребот се едноставни. Клубови од иста земја не можат да бидат во иста група. Исто така клубовите од Украина и Русија не можат да се најдат во иста група.

Како и секогаш УЕФА ќе води грижа за државите со два или повеќе претставници да бидат на различни страни од ждребот за да не играат натпревари во ист ден.

Групната фаза започнува на 17-ти и 18-ти септември и трае до 11-ти декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …