И додека сите други лиги одмараат, Премиер лигата игра со полна пареа за време на Божиќ и Нова Година.
Англичаните во следните осум дена ќе одиграат две првенствени кола, а се почнува денеска, на традиционалниот Боксинг деј.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Њукасл – Нотингем Форест (13:30), Бурнемаут – Фулам (16:00), Шефилд Јунајтед – Лутон (16:00), Барнли – Ливерпул (18:30) и Манчестер Јунајтед – Астон Вила (21:00 часот) се денешните натпревари од 19. коло.
Повеќе од 120 години, на 26 декември, во Обединетото Кралство се игра фудбал. Премиер лига, пониски лиги, аматерски лиги – сите играат ден по Божиќ.
Боксинг деј 1963 најдобро се памети кога беа постигнати неверојатни 66 гола на десет натпревари од тогашната дивизија прва.
Во денешното незамисливо сценарио, Манчестер Јунајтед прими шест гола од Барнли, Блекбурн го победи Вест Хем на гости со 8:2, а Фулам прими дури десет гола од Ипсвич Таун.
Со идентични резултати 3:3 завршија натпреварите меѓу Вулверхемптон и Астон Вила и Нотингем и Шефилд Јунајтед, додека ВБА и Тотенхем одиграа 4:4.