
ПСЖ и Борусија Дортмунд вечерва со почеток од 21:00 часот ќе го одиграат реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите. Реваншот ќе се игра во Париз, каде домаќинот ќе се обиде да го смени исходот од првиот натпревар.
Да потсетиме, во првиот полуфинален натпревар Дортмунд победи со 1:0 со голот на Никлас Фулкруг во 36. минута.
Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓
„Целта е финале, а за да стигнеме до него ќе мораме да бидеме подобри од големиот Дортмунд. Секогаш има простор за напредок и треба да работиме на тоа. За три секунди може да се постигнат два гола, но исто толку можеме и да примиме, одиме на победа“, изјави тренерот на ПСЖ, Луис Енрике.
“Одењето на Вембли треба да се заслужи. Ни треба реми, но сакаме да победиме. Имаме мала предност и одлична можност. Тие ќе мора да дадат се од себе, да имаат добар план и добра идеја. Очекувам подобар ПСЖ отколку на првиот натпревар, но ние го сакаме финалето.“ го најави натпреварот тренерот на Дортмунд, Един Терзиќ.