Аргентинецот Емилијано Сала кој животот го загуби трагично во авионската несреќа на 21-ви јануари кога авионот со кој леташе од Нант кон Кардиф се урна во водите на Ла Манш.
Погребот на Сала ќе се случи денес во неговиот роден град кој е на 538 километри од Буенос Аирес.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поради барање на неговото семејство на погребот ќе се случи далеку од очите на јавноста, а на истиот ќе присуствува и тренерот на Кардиф, Нил Ворнок.
Телото на пилотот кој управуваше со авионот, Дејв Иботсон не беше пронајдено, додека телото на Сала истражителите го пронајдоа во остатоците од авионот на морското дно.
После обдукцијата се покажа дека Сала животот го загубил поради повреди на главата.