Нашата машка кадетска репрезентација, односно кошаркари „Под 16“ години, денеска ги започнува настапите на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 8. до 17.август ќе се одржи во нашиот главен град-Скопје.
Пред кошаркарите е и првиот предизвик, првиот натпревар од групната фаза на првенството, во кој за противник ја имаат репрезентацијата на Украина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Следбениците на македонската младинска, репрезентативна кошарка ќе имаат можност да го гледаат натпреварот Украина – Mакедонија, кој стартува вечерва, од 18.30 часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, со директен пренос на спортскиот канал Sportklub 3HD, како и на Youtube каналот на ФИБА.