Дома Топ вести Денеска е ден на одлука за Мбапе. ПСЖ очекува ниска и навредлива понуда од Реал

Денеска е ден на одлука за Мбапе. ПСЖ очекува ниска и навредлива понуда од Реал

ПАРИ СЕН ЖЕРМЕН му постави ултиматум на Килијан Мбапе на почетокот на јули, што се сведува на тоа дека тој или ќе го продолжи договорот со клубот или ќе мора да ја помине следната сезона таму и потоа да може да го напушти клубот. без надомест.

Денеска на полноќ истекува датумот до кој Мбапе треба да донесе одлука.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Веќе подолго време се пишува дека францускиот напаѓач, стрелец на 212 погодоци и 98 асистенции на 260 натпревари за ПСЖ, веќе се договорил со Реал Мадрид и дека понудата на шпанскиот клуб само се чека да се реализира трансферот.

Во Париз стравуваат дека Реал ќе реагира со понуда, но не доволно висока за квалитетот на 24-годишниот напаѓач.

Претходно се пишуваше и дека сопствениците на ПСЖ се лути што Мбапе одбива да му го продолжи договорот, а француски извори пишуваат дека најверојатно тоа го прави затоа што сака да го извлече максимумот од постоечкиот договор со ПСЖ, а потоа како слободен агент да се обиде да добие што подобар договор со новиот клуб. Сега се пишува дека понудата што ја очекуваат од Реал ќе биде „ниска и навредлива“.

Интерес за Мбапе покажаа и Ливерпул и Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Го одби Ливерпул за да дојде во Јувентус и сега прави чуда!

Карло Алберто Белони, агентот на голманот на Јувентус, Микеле Де Грегорио, истакна дека ов…