Не видовме пресметка помеѓу Лука Дончиќ и Никола Јокиќ затоа што српскиот кошаркар се уште се опоравува од коронавирусот.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сепак, тоа не беше пречка за Денвер да слави со минимални 98:97. Дончиќ имаше обид од половина терен со звукот на сирената да го спаси Далас, но не успеа.




Натпреварот Словенецот го заврши со 22 поени на кои додаде уште девет скока и осум асистенции, иако се работи за солидни бројки, ова е еден од најслабите учиноци на Дончиќ сезонава. Кај Денвер Хиланд беше најдобар со 29 поени.




По завршувањето на суспензијата Кајри Ирвинг се врати кај Бруклин и му помогна на својот тим да слави победа против Мемфис со 127:115. Со 26 поени натпреварот го заврши Кевин Дурант.




НБА РЕЗУЛТАТИ: Сакраменто – Детроит 137-129, Вашингтон = Шарлот 106-102, Бруклин – Мемфис 127-115, Кливленд – Мајами 113-87, Хјустон – Голден стејт 120-127, Далас – Денвер 97-98, ЛА Лејкерс – Сан Антонио 123-92.