Дома Фудбал Демирал ги стави на аукција највредните дресови за собирање помош за Турција📷

Демирал ги стави на аукција највредните дресови за собирање помош за Турција📷

Турскиот репрезентативец Мерих Демирал веќе неколку години игра во Италија, а сега реши на свој начин да му помогне на својот народ, кој беше погоден од катастрофален земјотрес.

Тој решил сите свои најдрагоцени дресови кои ги добил досега во кариерата, да ги стави на аукција од чии средства ќе бидат помогнати погодените од земјотресот.

Демирал кој сега е во Аталанта беше дел од Јувентус пред две сезони и беше соиграч на Роналдо и Киелини.

„Пред малку разговарав со Роналдо. Тој ми кажа дека е многу тажен поради тоа што се случи во Турција. На аукција ставаме дрес со негов автограм од мојата колекција. Сите приходи од аукцијата ќе бидат донирани за да се искористат за областа на земјотресот“,, потврди Демирал.

Покрај дресот на Роналдо, на аукција ќе бидат ставени и дресовите на многу други ѕвезди од Серија А како Бонучи, Дибала, Буфон…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…