Фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле спремен е и на помала плата за остане во клубот, пренесува денес „Скај“.
Ситуацијата со Дембеле се промени и ако во зимскиот преоден рок можеше да замине сега е поинаку. Во последниот период Дембеле е редовен член на првиот тим на Барселона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според последните информации на медиумите 24-годишниот француски фудбалер сака да остане во клубот откако во јануари во Барселона дојде Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал со кого има одлична соработка.
Барселона после 33 одиграни натпревари е втора на табелата со 63 освоени бодови.