Дома Трансфер зона Дембеле мистериозно исчезна: Се надеваме дека е добро и дека е жив…

Дембеле мистериозно исчезна: Се надеваме дека е добро и дека е жив…

Францускиот фудбалер, Осман Дембеле не се појави на денешниот тренинг во Борусија.

Тој, како што стојат работите наскоро ќе стане нов член на Барселона, а реализацијата на трансферот како што се наведува веќе е започната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонците неодамна останаа без Нејмар, кој за 222 милиони евра премина во редовите на ПСЖ, па Барса мораше да ја пронајде неговата замена.

Првата мета беше Кутињо. Раководството на Барселона на Ливерпул му понуди 100 милиони евра, но нивната понуда е одбиена.

Не сакаа челниците на каталонскиот тим да губи време, па веќе се насочија кон другите опции.

Нивниот избор е младиот фудбалер Осман Дембеле, со кој веќе се е договорено, а 20-годишниот фудбалер е спремен да ја напушти Борусија и се наоѓа во Париз каде ќека дозвола од германскиот тим да го зафрши трансферот.

Тоа го потврди и тренерот на „Милионерите“, Петер Бош кој истакна дека францускиот фудбалер не се појавил на денешниот тренинг и дека не одговара на телефонските позиви.

„Не беше овде утринава и не знам зошто. Се обидовме да го добиеме, но не успеавме. Се надеваме дека е добро и дека е жив“, истакна Бош.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

По Мбапе, Реал Мадрид работи на уште еден голем трансфер?

Флоријан Вирц (21) е еден од најдобрите играчи во Европа оваа сезона. Офанзивниот играч за…