Осман Дембеле е се поблиску од потпишување на нов договор со Барселона и недостасуваат само мали детали, пренесува каталонски „Спорт“.
Раководството на Барселона има оптимизам дека преговорите можат да завршат наскоро и Дембеле да стави потпис на нов договор. Французинот прифатил мало намалување на платата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Дембеле влезе во последната година од договорот, па доколку не го продолжи договорот следното лето може да си замине без обештетување.
Французинот доживеа тешка повреда на ЕУРО, имаше операција и моментално се рехабилитира, а се очекува да се врати на терените во јануари 2022 година.
Барселона беше загрижена дека може да го загуби фудбалерот без обештетување следното лето, но последните информации се дека двете страни се блиску до договор.