Свесен е Осман Дембеле дека за него нема да има место во Барселона во сезоната која следи. Не се очекуваше да биде и оваа сезона во клубот, Каталонците го ставија на трансфер листата, но на крајот остана затоа што тој инсистираше на такво нешто.
Трпението на луѓето во Барселона истече, Дембеле влезе во серија повреди, а неговиот неспортски живот веќе е добро познат и на јавноста. Поради тоа менаџерот Муса Сисоко кој го застапува младиот фудбалер веќе започнал да преговара со заинтересираните страни. Иако, Шпанците тврдат дека не добил дозвола од Барса за такво нешто.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Манчестер Сити, Пари Сен Жермен и Челзи се заинтересирани за Дембеле. Во Англија се пишува дека „сините“ со нетрпение чекале да им заврши забраната за трансфери и имаат спремни 150 милиони евра за засилувања по мерка на Лампард.
Каталонците за Дембеле потрошија 140 милиони евра и се надеваат дека ќе вратат барем еден поголем дел со неговата продажба.