Дома Фудбал Останато Дел Пиеро: Најмногу бев пијан после финалето на СП 2006 година

Дел Пиеро: Најмногу бев пијан после финалето на СП 2006 година

Легендарниот поранешен напаѓач на торински Јувентус и италијанската репрезентација Алесандро Дел Пиеро изјави дека еден трофеј за него е посебен.

Иако освојуваше се и сешто, поранешната 10-ка на „старата дама“ посебно памети еден натпревар.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„После која победа бев најмногу пијан? После златото на Светското првенство во 2006 година, тоа беше најлудата забава“, откри Дел Пиеро.

Франческо Тоти кој беше дел од таа генерација на Италија откри дека пред финалето на Светскот опрвенство во 2006 сите играле ФИФА, карти, гледале Вимблдон или читале, само Дел Пиеро спиел.

„Добро и јасбев загрижен, но не баш толку. Малку имавме трема бидејќи знаевме колку се силни Французите. Сфатив дека најважно е мирно да се излезе на терен и да не се грижиме многу“, истакна легендарниот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Може ли Баер да го сруши рекордот на Селтик од 1916 година?

Баер Леверкузен и официјално изминатиот викенд ја потврди титулата во Бундеслигата со побе…