Дома Трансфер зона Делофеу повеќе не е опција за Интер – Три нови „мети“ на радарот на „нероаѕурите“!

Делофеу повеќе не е опција за Интер – Три нови „мети“ на радарот на „нероаѕурите“!

spaletti

Финансискиот фер-плеј и ветото од Кина за големо вложувања им ги врзаа рацете на оперативците на „нераѕурите“ во зимскиот преоден рок.

Од Пасторе и Микхатријан, нема ништо , најверојатно ниту од Делофеу кого Барса сака да го пушти само на позајмица со обврска за откуп.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поради тоа Интер ги промени метите тие сега се свртени кон други решенија Во прв план кај управата на миланскиот клуб се Рафиња Алкантара и Андре Шурле! Двајцата се вишок во своите клубови кои веројатно со задоволство би ги испратиле на позајмица.

Шурле е незадоволен во Дортмунд, соопштено му беше дека ќе добива шанса само од клупата, а преку својот агент ги известил „милионерите“ дека сака да го напушти клубот. До овој момент интерес за неговите услуги покажаа Евертон, Вест Хем и Штугарт.

Слична е и ситуацијата со Рафиња. Валверде не смета на него, а минатото лето беше понуден на Милан и Интер. После доаѓањето на Кутињо и враќањето на терените н Дембеле, за Рафиња јасно е дека нема место во Барса. Проблем е што беше долго време повреден, но ако ништо друго сигурно би бил поефтин, што за Интер во овој момент и тоа како е важно.

Третата опција е Симоне Верди од Болоња кој е желба и Наполи. Лидерот во Серија А веќе испрати понуда од 28 милиони евра за Верди, Болоња ја прифати, но фудбалерот одби да се пресели во Неапол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…