Дома Останати Кошарка Делонте Вест повторно прави проблеми: Подобар сум од Леброн и Џордан, јас сум Исус!

Делонте Вест повторно прави проблеми: Подобар сум од Леброн и Џордан, јас сум Исус!

Поранешната ѕвезда во НБА, Делонте Вест минатата година беше во центар на внимание откако американските медиуми објавија дека е бездомник.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Потоа газдата на Далас маверикс, Марк Кјубан лично го пронајде и му помогна да се врати на вистнски пат, но тоа беше за краток период зашто Вест повторно се посвети на алкохолот.

Поранешниот кошаркар беше уапсен на Флорида, кога беше забележан во алкохолизирана состојба. Тој удираше во вратите на една куќа, а при апсењето почнал да ги пцуе полицајците и да дава отпор.

„Подобар сум од Леброн и од Џордан. Бев најдобар во овој спорт. Јас сум Исус Христос“, викал Вест додека полицајците се обидувале да го уапсат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Андреј Јакимовски веќе не е кошаркар на Тренто!

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски стави крај на соработката со Тренто, откако…