Дома Фудбал Англија Деле Али на 23 години: Моето тело не издржува напори како претходно

Деле Али на 23 години: Моето тело не издржува напори како претходно

После неколку повреди Деле Али конечно се врати во тимот на Тотенхем, англискиот репрезентативец игра се почесто постигна два гола и има една асистенција во Премиер лигата.

Сепак, Деле Али јавно призна дека неговото тело повеќе не ги издржува напорите како претходно. Неговата изјава звучи малку чудно затоа што Деле Али има само 23 години.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Колку што сум постар моето тело не издржува напори како претходно. Во теретаната работам на засилување на препоните бидејќи имав повреди на тој дел од телото. Секој процент на напредок може да помогне. Кога си млад и наивен не мислиш на тоа, но како што си постар се повеќе учиш. Јас се уште сум млад и понатаму правам грешки и учам од нив“,изјави Деле Али.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …