Дома Трансфер зона Делегација на Челзи пристигна во Италија: На „мени“ тројца фудбалери на Јувентус

Делегација на Челзи пристигна во Италија: На „мени“ тројца фудбалери на Јувентус

Делегација на Челзи пристигна во Италија каде ќе има неколку состаноцо со Јувентус и Милан и ќе се обиде да договори неколку трансфери.

„Сините“ се во наоредни преговори со Јувентус за дефанзивецот Даниеле Ругани, но покрај тоа Челзи покажува интерес уште за Гонзало Игуаин и Миралем Пјаниќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Старата дама“ за „пакетот“ Игуаин – Ругани бара 100 милиони евра, додека „сините“ пак се спремни да понудат додатни 80 милиони евра за Пјаниќ.

Доколку успеат да го договорат трансферот на Игуаин, Челзи ќе мора да го продаде Мората, а токму тоа ќе биде темата на разговор со Милан.

На средбата со „росонерите“ ќе се разговара за евентуален трансфер на Мората на „Сан Сиро“, но Челзи е исто така заинтересиран за Пепе Реина.

Денес и утре сигурно ќе бидат договорени неколку големи трансфери на релација Италија – Лондон, а ние бчаговремено ќе ве известиме за исходот на преговорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…