Дома Фудбал Деко “обвини“ двајца фудбалери за целата агонија на Барселона

Деко “обвини“ двајца фудбалери за целата агонија на Барселона

Барселона е актуелен шампион на Шпанија, но оваа сезона на Каталонците не им оди баш најдобро во домашното првенство и постојано се зад Реал Мадрид, па дури и зад сензацијата Џирона.

Тимот на Чави мина низ неколку кризни недели, а честите падови им донесоа осум бода помалку од лидерот Реал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Самиот почеток на сезоната за Каталонците беше добар, но со текот на времето играта стануваше се полоша и полоша, што се одрази и на резултатите, а во еден момент, неодамна, Чави сфати дека е време за промени и најави заминување од тренерска клупа на крајот од сезоната и тврди дека нема да ја промени одлуката без разлика како ќе заврши сезоната.

Во Барселона повеќе би сакале да ја продолжат соработката со својот поранешен играч од средниот ред, но постојат сите шанси да назначат нов тренер на лето. Спортскиот директор Деко беше многупати критикуван бидејќи пред почетокот на сезоната очигледно не беше направена најдобрата селекција на играчи, но легендарниот Португалец им ја префрли топката на двајца фудбалери, кои сега не се во клубот.

“Имаме одличен стручен штаб, но тимот остана без двајца важни играчи. Усман Дембеле и Серхио Бускетс. Во исто време нашите ривали станаа посилни. – изјави Португалецот во интервју за радио Каталуња.

Тој смета дека на ваквата состојба влијаеле и финансиите кои не дозволувале проширување на кадарот.

„На почетокот на сезоната се надевате дека ќе стигнете далеку. Подоцна се појавија повреди, а составот беше доста краток и моравме да се соочиме со проблем“, вели Деко.

Деко уверува дека Барселона оди во вистинска насока и дека клупските власти внимателно ќе размислат за промена на тренерот и доведување на нови играчи.

“Ќе донесеме правилни одлуки, но мора да размислиме што можеме да си дозволиме. Ќе ги земеме предвид економските услови и платите на играчите. Промените зависат од многу работи”, вели Деко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пред две години играше во втора лига, а вчера беше херој на својот тим во полуфинале од ЛШ

Борусија Дортмунд вчера го победи Пари Сен Жермен во првиот натпревар од двомечот во полуф…