Дома Останати Кошарка Дедото на Дончиќ: Ме прашуваат дали некогаш Лука може да заигра за Косово 🎥

Дедото на Дончиќ: Ме прашуваат дали некогаш Лука може да заигра за Косово 🎥

Лука Дончиќ денес игра за Словенија, но можело да биде и поинаку.

Малкумина знаат дека Дончиќ има потекло од Косово и Метохија. Во селото Бича се уште живее неговиот дедо, Стојан.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српските медиуми сега го посетија, а тој откри дека некогаш знаат да го прашаат луѓето дали би заиграл за Косово. Со Лука поради неговите обврски повремено се слушаат и посакува еден ден да дојде во неговото село, Лука имал желба, меѓутоа проблем е безбедноста.

„Лука е наша крв, со сето срце го гледаме додека игра. Сите не прашуваат што ни е нас Лук, но ние сме скромни не се фалиме многу со него. Се слушаме повремено, но премогу е зафатен. Понекогаш луѓето тука ме прашуваат зошто не играл за Косово, им одговарам можеби некогаш, кога Косово ќе стане Америка. Не играше за Србија, зошто сега би играл за Косово? Никогаш“, објасни Стојан.

Србија имала прилика да го има во своите редови, но како што вели не го сакале и не верувале дека може да се развие во кошаркар каков што е денес, еден од најдобрите во НБА и светот.

„Едноставно можам да кажам дека не го сакаа. Не го сакаа мислеа дека некој „обичен“ кошаркар како другите, но се покажа дека е премногу добар“, зборува Стојан.

ЦЕЛИОТ РАЗГОВОР:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Мајами направи брејк и израмни во серијата против Бостон

Минатогодишниот финалист во НБА лигата, Мајами хит е третиот тим кој направи брејк во една…