Грејсија Поли и Апријани Рахају од Индонезија освои злато на Летните Олимписки игри во бадминтон во женска конкуренција. По овој успех тие ќе бидат богато наградени од својата држава.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што е најавено тие ќе добијат куќа или стан по избор, 250.000 фунти и – пет крави!
Треба да се знае дека бадминтонот е многу популарен во Индонезија, па Поли и Рахају во овој момент имаат статус на божества. Освен споменатите награди неколку ресторани им ветиле дека ќе имаат бесплатна храна како благодарност за успехот, а во едно кафуле ќе имаат бесплатно кафе до крајот на животот.
Секако од сите награди најголемо внимание привлекуваат петте крави затоа што е нешто несекојдневно за награда за еден спортист. Меѓутоа кај нив кравата има посебен статус.