Дома Трансфер зона Девојката го „расипува“ трансферот на Колошинац!

Девојката го „расипува“ трансферот на Колошинац!

Колошинац е на мета на бројни европски гиганти, што поради добрите партии ова сезона, што поради фактот дека на лето ќе биде слободен агент.

Неговиот договор со Шалке истекува на крајот на сезоната, но Босанецот одлучи да остане во Гелзенкирхен и следното лето како слободен агент да се пресели во друг клуб.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Раководството на Шалке му нуди нов договор и се надева дека ќе го убеди играчот да го продолжи договорот, а сега доби и „засилување“ во преговорите, а тоа е неговата девојка Јана.

Имено, спроред информациите на германските медиуми целата приказна би можела да добие сосема поинаков расплет бидејќи Јана се противи на трансфер и сака да остане во татковината.

Со оглед на фактот дека Јана е на завршна фаза од студиите по економија на Универзитетот во Гелзенкирхен, нејзината желба е Колошинац да остане во германскиот клуб најмалку уште една година, додека таа не дипломира.

Медиумите веќе подолго време тврдат дека Колошинац веќе го има договорено трансферот во Јувентус и од следното лето ќе се пресели во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Сити и Баерн сакаат да го „украдат“ талентот на Милан

„Бисерот“ Франческо Камарда го привлече вниманието на сите фудбалски клубови со своја…