Дома Македонски спорт Дебакл и против Русија: Пораз на Македонија од 12 разлика

Дебакл и против Русија: Пораз на Македонија од 12 разлика

Репрезентацијата на Македонија денес претрпе нов тежок пораз.

Од самиот старт стана јасно дека ќе нема што да бараме и во овој дуел. Во првите 10 минути постигнавме само еден гол кој беше дело на Кузмановски, а во тие минути примивме 6. Не му одеше денес ниту на капитенот, Лазаров промаши три удари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


До втор гол дојдовме во 14. минута Стоилов тогаш намали на 2:7.

Не се менуваше многу и во следните минути, Русите промашија неколку удари меѓутоа ние не ги користивме тие промашувања. Па затоа и во 20. минута имавме шест негатива (6:11).

Киреев одбрани и четврти удар на Лазаров. Следеа уште неколку промашувања на нашите ракометари и само беше прашање со колкава негатива ќе одиме на пауза. На пет минути до крајот Русите имаа 7:16. Нашата одбрана беше преслаба и немавме решение за одличниот Косоротов.

На полувреме се замина со резултат 9:19.

Во вториот дел ништо не се промени, а никој и не очекуваше после една таква игра и 10 гола разлика. Затоа и нема многу шта да се каже.

Треба да споменеме дека младиот Мартин Серафимов не одигра лош натпревар и постигна четири гола. Најефикасен во напшите редови беше Кузмановски со 6 гола. Капитенот Лазаров во вториот дел не влезе во игра, искуство собираа помладите.

Конечен резултат: Македонија – Русија 20:32

Последниот натпревар на ова Светско првенство Македонија го игра во недела исто така од 15:30, а противник ќе ни биде Белорусија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Гигантите се „тепаат“ за младата ѕвезда на Бенфика

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш го привлече вниманието на многу европски гиганти. Нај…