Дома Останати Кошарка НБА Дебакл за Лејкерси: Леброн го доживеа најголемиот пораз во кариерата! (ВИДЕО)

Дебакл за Лејкерси: Леброн го доживеа најголемиот пораз во кариерата! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс доживеаа тежо пораз изминатата ноќ во НБА лигата.

Леброн и друштвото беа поразени со дури 42 поени разлика од тимот на Индијана!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Индијана ги победи со 136:94 во турбулентен период во кој не знаат кој ќе остане во тимот до крајот на трејд-рокот ако Лејкерси тргнат со сите сили тргнат по Ентони Дејвис иако шансите се мали.

Пјесерси имаа предност во текот на целиот натпревар, првата четвртина ја завршија со +7, додека на полувреме заминаа со +23. Од тој момент разликата само се зголемуваше.

Леброн Џејмс последната четвртина ја преседе на клупата за резерви, а Индијана во еден момент имаше и 46 поени предност. За Џејмс ова беше најтешкиот пораз во неговата кариера. Претходно два пати губеше со по 36 поени разлика, од Вашингтон и Сан Антонио.

Најефикасен во тимот на Индијана беше Богдановиќ со 24 поени, пет асистенции и еден скок. Тарнер беше зад него со 22 поени. Во редовите на Лејкерси Леброн го заврши натпреварот со учинок од 18 поени, девет асистенции и седум скокови.

https://youtu.be/5O8RNQ_JEM0

НБА резултати:

Шарлот – ЛА Клиперс 115:117

Кливленд – Бостон 96:103

Индијана – ЛА Лејкерс 136:94

Њујорк Никси – Детроит 92.105

Мемфис – Минесота 108:106

Оклахома – Орландо 132:122

Филаделфија – Торонто 107:119

Портланд – Мајами 108:118

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Грабеж во Англија: Хрвати го ограбиле најскапиот фудбалер на Њукасл!

Хрватски државјани на возраст од 22, 27, 31 и 42 години биле приведени во Англија како осо…