Дома Останати Кошарка НБА Дебакл за Лејкерси, Дончиќ го засени Кари, Јокиќ скромен поентерски 🎥

Дебакл за Лејкерси, Дончиќ го засени Кари, Јокиќ скромен поентерски 🎥

Лука Дончиќ продолжи со одличните настапи. Изминатата вечер го засени и најдобриот шутер на денешницата.

Словенецот продолжи во МВП форма. Натпреварот против Голден Стејт го заврши со 31 поен и 11 скокови со што беше најдобриот поединец на паркетот. Кај домаќините Кари уфрли 27 поени и додаде 10 асистенции што не беше доволно да го надмине одличниот Словенец.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Никола Јокиќ имаше скромна поентерска вечер од само осум поени, но затоа додаде 18 скокови и 11 асистенции. Најдобар поентерски во победата на Денвер против Портланд беше Грин со дабл-дабл од 20 поени и 10 скокови.

Лос Анџелес Лејкерси им приредија непријатнјо изненадување на своите фанови и беа поразени од Њу Орлеанс Пеликанс со 95:123. За домаќините 32 поени постигна Џејмс, додека гостите со 22 поени ги преводеше Меколум.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Детроит 126:127 (пп), Хјустон – Клиперс 98:99, Голден Стејт – Далас 101:107, Портланд – Денвер 92:124, Лос Анџелес Лејкерс – Њу Орлеанс Пеликанс 95:123.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…