Дома Останати Кошарка НБА Дебакл за Голден Стејт: Њу Орлеанс ги победи со 45 разлика

Дебакл за Голден Стејт: Њу Орлеанс ги победи со 45 разлика

Голден Стејт доживеа срамен пораз од 45 поени разлика на гости кај Њу Орлеанс со 128:83, сепак, треба да се напомене дека гостите играа без Стеф Кари и Клеј Томпсон, Стив Кер одлучи да им даде одмор.

Одиграа импресивен меч против Хјустон, па затоа добија одмор, а не играше ниту Грин. Тоа Њу Орлеанс го искористи да дојде до убедлива победа.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Без своите главни ѕвезди шампионот не беше ист тим. Најдобар кај Вориорси беше Пул со 26 поени, но не додаде ниту еден скок или асистенција. Во редовите на победничкиот состав Инграм постигна 34 поени.

Милвоки Бакс предводени од Јанис Антетокумпо славеа против Портланд со 119:111. Грчкиот репрезентативец постигна 37 поени и беше најдобриот кошаркар во својот тим. Кај Портланд Симонс постигна 29 поени. Нуркиќ стигна до дабл-дабл од 16 поени и 10 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Атланта 114:102

Индијана – Орландо 123:102

Чикаго – Бостон 121:107

Милвоки – Портланд 119:111

Минесота – Мајами 105:101

Њу Орлеанс – Голден стејт 128:83

Оклахома – Њујорк 119:129

ЛА Клиперс – Јута 121:114

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…