Шпанските тимови во минатите години доминираа во европскиот фудбал, освоија осум европски титули во последните 14 сезони, а сега за првпат во историјата ќе имаат само еден клуб во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот европски шампион, Реал Мадрид ќе биде единствениот претставник на Шпанците откако на едно коло пред завршувањето на групната фаза испаднаа Севиља, Барселона и Атлетико Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Вакво нешто на Шпанците им се случува првпат од сезоната 2003/2004 од кога е воведена осминафиналната рунда во елитното европско натпреварување.
1 – Since the @ChampionsLeague have the last 16 tie (2003/04), this will be the first time with only one @LaLigaEN side involved in this round (@realmadriden). Fall. pic.twitter.com/NtVUmxuyXP
— OptaJose (@OptaJose) October 26, 2022