Милан во последно време падна во голема криза, беше елиминиран од Лига Европа, а во Серија А веќе четири меча не знае за победа.
Столчето на Гатузо е сериозно разнишано, па би можело да дојде до тренерска смена во јануари, особено ако „росонерите“ не освојат три бода викендов против СПАЛ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најголема желба на раководството е Антонио Конте, меѓутоа италијанскиот стратег не сака да преземе клуб на средина од сезоната.
Последните две имиња кои се поврзуваат со клупата на Милан се Леонардо Жардим и Лоран Блан.
Наводно агентот Жорге Мендеш им го предложил Жардим на раководството на Милан. Стратегот е слободен после отказот во Монако, иско како и Лоран Блан кој во моментов е без ангажман.
Сепак, раководството сака да му даде уште една шанса на Гатузо и да почека до лето за да го ангажира Антонио Конте. Во случај да продолжи кризата, многу веријатно дека ќе дојде до тренерска смена на „Сан Сиро“.
Milan, Mendes propone Jardim https://t.co/V5ZGYUFTfZ pic.twitter.com/4MR0ZNTLxb
— calciomercato.com (@cmdotcom) December 27, 2018