Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац го промени првичниот скратен список.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Мартин Манасков е повикан на местото на Горан Крстевски, а дополнително е повикан и Мартин Томовски како трета опција за голот.
Ова се најновите промени со изборот на ракометари на селекторот Данило Брестовац пред понеделничкиот собир со кој ќе започна подготовките за квалификациските натпревари со Исланд.
Македонија првиот дуел со Исланд го игра на 10-ти април на гостински терен, додека четири дена подоцна во Скопје се игра реваншот.
