Дома Фудбал Останато Двете работи за кои Тоти најмногу жали во кариерата

Двете работи за кои Тоти најмногу жали во кариерата

Франческо Тоти во разговор за „Кориере дела Сера“ призна дека бил приморан да оди во пензија и дека жали што не можел сам да ја донесе таа одлука.

„Знам дека еден ден мора човек да се пензиониран, треба да се биде реален. Но сакав тоа да го направам во друг момент. Ме присилија на тоа место да пронајдеме заедничко решение“, се потсети Тоти на летото 2017 година…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Таа приказна заврши кога заминав од Рома и се пензионирав. Погрешно беше, но сето тоа сега е минато. Бев капитен на Рома и како фудбалер и ме сакаа и ме мразеа. Но сега поради навивачите секаде се чувстувам како легенда. Каде и да одам, во Италија или Еврпа, преплавен сум со љубов. Тоа кога започнував не можев ниту да го замислам“.

„Понекогаш повторно ги гледам снимките од пензионирањето. Секој пати си кажаувам дека ќе исклучам пред да го прочитам писмото, но тоа никогаш не го правам. Посилно е од мене, во тие моменти сум многу емотивен. Рома ми беше како прв дом. Жал ми е што сега не сум таму, тргнав по друг пат и не сакам да ги оставам луѓето со кои почнав да работам. Ќе видиме за две, три, пет или десет години. Никогаш не можеш да кажеш никогаш“.
За кои две работи најмногу жали.

„Прекршокот на Балотели и плукањето на Полсен. Тоа се двете најлоши работи кои ги направив и никогаш нема да можам да си ги простам“, призна Тоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…