Дома Фудбал Италија Два промашени пенали и црвен картон, реми на Каљари и Фиорентина 🎥

Два промашени пенали и црвен картон, реми на Каљари и Фиорентина 🎥

Фудбалерите на Каљари и Фиорентина ремизираа 1:1 во рамките од 23. коло во италијанската Серија А.

Фиорентина овој натпревар мораше да го игра без својата прва ѕвезда Душан Влаховиќ кој доби позитивен тест на коронавирусот. Веднаш на почетокот беше досуден пенал за Фиорентина, но Бираги не го реализираше.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Казната стигна на почетокот на вториот дел кога Жоао Педро стрелаше за водство на Каљари од 1:0. На 20-тина минути до крајот видовме и втор промашен пенал, но овој пат не реализираше стрелецот на голот Педро. Претходно Одраизола во редовите на Фиорентина заработи црвен картон.

И со играч помалку Фиорентина успеа да стигне до изедначување и тоа преку Сотил кој минатата сезона играше на позајмица токму во Каљари. Со овој бод Фиорентина е на шестата позиција, но Рома со евентуална победа денес може да ја прескокне, Каљари од друга страна е 18-ти со 17 освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи го наградува Палмер со нов договор

Младиот Кол Палмер блеска оваа сезона во дресот на Челзи и се етаблираше во еден од најдоб…