Дома Трансфер зона Два лондонски ривали во битка за потписот на Лука Јовиќ

Два лондонски ривали во битка за потписот на Лука Јовиќ

Реал Мадрид планира да го продаде Лука Јовиќ на лето бидејќи српскиот репрезентативец не ги оправда 60 милиони евра кои беа вложени во неговиот трансфер.

Јовиќ во 2019 година потпиша за „кралевите“ во трансферот од Ајнтрахт Франкфурт, но се покажа како големо разочарување и едно од најлошите засилувања во историјата на тимот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Карим Бензема игра во врвна форма, а тоа му направи дополнителен проблем на Јовиќ, кој не доби шанса во екипата, а исто така од лето се очекува да пристигне Килијан Мбапе во тимот, па јасно е дека за Србинот нема повеќе место.

Српскиот напаѓач најверојатно ќе се пресели во Премиерлигата од каде што интерес покажуваaт Арсенал и Вест Хем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан се засилува со плејмејкерот на Реал Мадрид

Милан е силно заинтересиран и започнал преговори со Реал Мадрид за плејмејкерот Дани Себаљ…