Два клуба од Италија и два од Шпанија наводно покажале интерес за македонскиот репрезентативец Енис Барди да го доведат ова зимо.
Барди не ги исполни очекувањата во турскиот шампион Трабзонспор и турските медиуми пишуваа дека клубот му соопштил да си бара нова дестинација. За заинтересираните клубови не се открива многу, но се наведува дека еден од калчолигашите е Торино.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Информациите се дека Трабзонспор сака да го продаде Барди, меѓутоа бара повеќе од три милиони колку што летоска тие му платија на Леванте да го доведат.
Информациите се дека Трабзонспор сака и да го растерети буџетот за плати за да доведе нови засилувања.