Столчето на Томас Тухел во Баерн Минхен сериозно почнува се тресе и на големо веќе се пишува за негов можен отказ.
Последните информации од Германија се дека раководството на Баерн пред Тухел поставило ултиматум да победи на трите следни натпревари во Бундеслигата и да го елиминира Лацио во Лигата на шампионите, во спротивно ќе биде отпуштен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во следните натпревари Баерн игра на гости против Бохум, па дома со Лајпциг, а во третиот дуел гостува на Фрајбург. Реваншот против Лацио по поразот (0:1) во првиот натпревар е закажан на 5. март.
Ова значи дека македонските фудбалери Агон Елези од Бохум и Елиф Елмас од Лајпциг можат да бидат пресудни за иднината на германскиот стратег.
Во јавноста се шпекулира и за тоа кој би можел да го наследи Тухел, но засега нема посериозни преговори на таа тема.