Милан на крајот на сезоната најверојатно ќе се раздели со ветеранот, Златан Ибрахимовиќ, па веќе ја почна потрагата по нов голгетер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Примарна цел на „росонерите“ на лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а најголема желба е Џонатан Дејвид од Лил.
21-годишниот напаѓач оваа сезона блеска во дресот на Лил и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Милан е спремен да ја победи конкуренцијата.
Канаѓанецот оваа сезона има постигнато 16 гола на 29 меча и Лил за неговата слобода ќе бара најмалку 40 милиони евра.
Како алтернатива се споменува и Александар Исак, кој игра одлично во Реал Сосиедад. Цената на 22-годишниот шведски репрезентативец е 40 милиони евра.