Дома Фудбал Двајцата главни фаворити за Златната топка доаѓаат од Ливерпул

Двајцата главни фаворити за Златната топка доаѓаат од Ливерпул

Меси не успеа да ја освои ЛШ оваа сезона, а сега остана и без Копа Америка, па така тешко е да се очекува тој да ја освои Златната топка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Исто така, кога во прашање е Кристијано Роналдо, тој ја освои титулата во италијанското првенство со Јувентус и со Португалија го освои пехарот во Лига на нации.

Двајцата главни конкуренти за освојување на оваа награда доаѓаат од Ливерпул и само прашање е кој од нив ќе ја освои.

Нормално, станува збор за Алисон, но не и за Салах, туку за Вирџил ван Дајк. Сепак, предноста е на страна на Алисон.

Бразилецот освои три Златни ракавици во една сезона, и со тоа стана единствениот голман во историјата на кој тоа му успеало.

Беше најдобар голман во Премиер лигата, исто така и во Лига на шампиони, а синоќа беше прогласен и за најдобар голман на Копа Америка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eден од хероите на БиХ може да заврши во Арсенал!

Одличните настапи минатата сезона во Салцбург, кои продолжија и на Светското првенство, го…