Дома Фудбал Италија ДА СЕ НАЕЖИШ: Најемотивното проштално писмо, директно од перото на легендарниот Клаудио Маркизио!

ДА СЕ НАЕЖИШ: Најемотивното проштално писмо, директно од перото на легендарниот Клаудио Маркизио!

Изминатата недела осамна веста дека Јувентус го раскинал договорот со 32-годишниот репрезентативец на Италија, Клаудио Маркизио.

Овој играч за вррска уште како седумгодишно момче пристигна во академијата на Јувентус, а во славниот италијански клуб остави се до пред неколку дена, четвртина век.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


И покрај повредите во изминатите сезони не беше стандарден, засилената конкуренција во редот за врска за него остави се помалку простор, па управата реши да го раскине договорот со него и така да му ја даде слободата да ја одбере следната станица во својата кариера.

Судејќи по се, искусниот Италијанец кариерата ќе ја продолжи во Монако, а денес на социјалните мрежи осамна неговото проштално писмо.

„Минав 25 години од животот мечтаејќи за тоа што можам да станам и кои сништа можам да ги остварам како играч на Јувентус. Никогаш не сум претпоставувал дека ќе го доживеам овој момент. Кои и да бидат моите чекори понатаму на личен и професионален план, не би имал смисла и не би било гер кога би порекнал дека моето срце и мојата ДНК засекогаш ќе бидат во две бои. Првпат кога го облеков дресот на Јувентус имав седум години, и од тогаш не го соблеков, ниту на секунда, растев следејќи ја неговата филозофија. Прво се обидев да ја впијам,а потоа да бидам нејзин амбасадор, како на теренот, така и надвор од него, во секојдневниот живот. Во Јувентус „победувањето не е важно, тоа е единствената работа која се смета“. Овој фамозен цитат го изговори Џампијеро Бонипети. Зад оваа реченица, на изглед едноставна, а во исто време обожувана од сите нас, навивачите, лежи длабоко значење на нашиот начин на живот.

Победувањето не е важно, тоа е единствена работа која се смета.

Кога сте младо момче, како останатите деца имате сон. Доколку сакате да го понесете тој дрес, знаете дека морате да бидете најголем. Секогаш.

Победувањето не е важно, тоа е единствена работа која се смета.

Кога ќе пораснете и когаш ќе ве подигне полека остварувањето, не се мислете туку продолжите да работите напорно во сенките од вашите животи. И дајте се од себе секој ден, бидејќи носењето на овие пруги, преставува гордот, среќа и одговорност.

Победувањето не е важно, тоа е единствена работа која се смета.

На крајот, вашите примери стануваат ваши соиграчо, и морате да бидете силни, иако нозете ви се тресат од помислата дека ќе го делите теренот со нив. Деј Пјеро, Недвед, Буфон, Трезеге, Каморанези и останатите. За да докажат чест за дресот, сите фудбалери мора да го одработат својот дел. И овие принципи не се применуваат само кај фудбалерите, туку и кај секој навивач. Јувентус победува бидејќи е еден од најдобрите тимови и на теренот и надвор од него.

Победувањето не е важно, тоа е единствена работа која се смета.

Кога ќе го испочитувате договорот со самиот себеси и направите се во ваша моќ да не ги разочарате навивачите, најлојалните и најсикрените на светот.

Кога ќе сфатите дека последните 25 години од вашиот живот повеќе не се дел од вашата сегашност, постои само еден начин да продолжите да победувате. Свесен сум дека нема да останат без своите сеќавања бидејќи тие се дел од мене и јас секогаш ќе бидам дел од нив, каде и да сум.

Се најдобро, Клаудио“, напиша Маркизио во своето писмо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…