Дома Фудбал Останато „Дарко Панчев е во топ 5 најголеми фудбалери на Балканот“

„Дарко Панчев е во топ 5 најголеми фудбалери на Балканот“

Најпознатиот бугарски фудбалер во историјата, Христо Стоичков смета дека Дарко Панчев е еден од топ 5 најдобри фудбалери на Балканот на сите времиња.

И во минатото Стоичков имал пофални зборови за Панчев, а сега уште еднаш само го потврди своето мислење.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„За мене Лука Модриќ секако е нешто неверојатно во фудбалот, еден од најдобри фудбалери секако во Европа. А, ако треба да дополнам листа на најдобрите пет во историјата тоа се Дарко Панчев, Дејан Савичевиќ, Давор Шукер, Предраг Мијатовиќ, Георге Хаџи“, изјави Стоичков.

Стоичков потоа додаде и уште неколку имиња.

„Треба да се биде реален и да се каже дека тука има уште големи имиња како Георге Попеску, Алекс Бокшиќ, Драган Стојковиќ, Красимир Балаков“, изјави Стоичков.

Самиот сееб Стоичков не сакаше да се смести на оваа листо, но нема дилеми дека и тој е помеѓу најголемите имиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…