Дома Фудбал Останато Дарио Срна: ФИФА го уништи Шахтјор

Дарио Срна: ФИФА го уништи Шахтјор

Спортскиот директор и легенда на Шахтјор, Дарио Срна, ја обвини ФИФа дека го уништила клубот од Доњецк.

Шахтјор утре ќе му гостува на Реал Мадрид во третото коло од Лигата на шампионите.  Тимот на Доњецк, кој поради познати околности не игра на свој терен, одлично ја отвори сезоната во елитата и веќе има четири бода.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Преку Чеферин, УЕФА направи се што можеше за да ни помогне нам и на украинскиот фудбал. ФИФА, од друга страна, нè уништи. Не не заштити во ниту еден момент. Ако Реал Мадрид, Севиља, Барселона или Баерн беа во нашата ситуација, јас сум сигурен дека бргу ќе им помогнеа“, изјави Срна.

Срна е лут поради одлуката на ФИФА, со која им дозволи на странците без обесштетување да ја напуштат Украина, со обврска за една година да се вратат во клубовите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Aморим си замина, а на Спортинг му се случи – катастрофа!

Спортинг од Лисабон едноставно повеќе не е истиот тим од кога замина Рубен Аморим. “…