Дома Останати Ракомет Данците фаворити за ново злато, но не ја отпишувајте Шведска

Данците фаворити за ново злато, но не ја отпишувајте Шведска

Втор пат во историјата и втор пат по ред две скандинавски репрезентации ќе играат за тронот во светскиот ракомет.

Актуелниот светски првак Данска денеска од 17:30 часот ќе игра против Шведска во борба за златотот на СП кое се одржува во Египет.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Данска е фаворит за златниот медал, што и не чуди ако се гледа ростерот кој го имаат. Меѓутоа, неколку пати во текот на турнирот во Египет видовме дека се е возможно, а Данска на пенали го елиминира Египет, кој беше аутсајдер во четвртфиналето.

Со евентуален триумф, Данска ќе биде втората селекција која го освоила насловот во низа во последните 47 години, додека Шведска чека 22 години на златниот медал. Претходно, интересно, го освоиле во Египет во 1999. година.

Швеѓаните до големото финале стигнаа како најпријатното изненадување на СП без голем број играчи од првиот тим. Многумина ги отпишаа уште пред самиот турнир, а дури беше прашање дали оваа скандинавска репрезентација ќе настапи на ова СП.

Овие две селекции последен пат се сретнале во групната фаза на СП 2019. година, а тогаш Данска славеше со 30:26.

Инаку, пред големото финале денеска од 15:30 часот ќе биде одигран и дуелот за третото место помеѓу Шпанија и Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Готово: Покетино повеќе не е тренер на Челзи

Маурисио Покетино повеќе не е менаџер на Челзи, пренесе доброинформираниот новинар Фабрици…