Дома Фудбал Репрезентации Данските репрезентативци пресреќни што се сретнаа со Ериксен

Данските репрезентативци пресреќни што се сретнаа со Ериксен

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен ги посети своите фудбалери откако беше отпуштен од болницата.

Ериксен во петокот ја напушти болницата во Копенхаген, а набрзо потоа го посетил тренинг кампот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не знаевме дека ќе дојде, кога го видовме го прекинавме тренингот. Неговата посета донесе добра енергија на тимот. Можевме да го прегрнеме, беше убаво да се види како се шета со синот“, изјави играчот за врска на Данска Кристијан Нергорд.

Својата среќа што повторно го гледа ја искажа и Јоаким Мел.

„Беше емотивно затоа што последниот пат го видовме како лежи на тревата. Знаевме дека е во ред, но поинакво е чувството кога тој ќе дојде до вас“, изјави Мел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…