Дома Останати Данска ја одбрани титулата светски шампион!

Данска ја одбрани титулата светски шампион!

Репрезентацијата на Данска е старо-нов светски шампион во ракомет, откако во финалето ја победи Шведска со 26:24.

Во неизвесното финале херој за Данците беше феноменалниот Никлас Ландин, кој имаше 15 интервенции.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во првото полувреме беше максимално израмнето, се играше гол за гол, а на одмор се замина со резултат 13:13.

Израмнето беше се до 45-та минута кога Данска почна да се одлепува и да прави разлика, пред се благодарение на одличниот Ландин на голот.

Актуелниот светски првак првпат се одлепи на 23:20 и таа разлика ја чуваше се до самиот крај за конечни 26:24.

Хансен со 6 и Нилсен со 5 голови беа најефикасни кај Данска, додека на спротивната страна Ване постигна 5 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …