Според најавите од данските медиуми Николај Јакобсен со изменет состав ќе влезе во дуелот со Македонија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Данска веќе го има обезбедено пласманот во следната фаза, па во натпреварот со Македонија вечерва Јакобсен ќе ги одмара своите најдобри играчи.
Матиас Гидсел сигурно нема да игра, а Никлас Ландин и Микел Хансен според најавите ќе бидат на клупата, но нема да добијат минутажа. На голот на Данска ќе биде Кевин Мелер додека позицијата на Хансен ќе ја преземе Ласе Андерсон.
Јакоб Холм ќе го замени Лауге, а најверојатно ќе одмара и Ласе Сван. Натпреварот кој е последен за Македонија на ова Европско првенство се игра денес од 20:30 часот.