Дома Фудбал Репрезентации Данска и Тунис ремизираа без голови

Данска и Тунис ремизираа без голови

После сензацијата на Саудиска Арабија, денес го видовме и првото реми без голови на Мундијалот. Данска имаше повеќе од играта, но на крајот не успеа да стигне до победата.

Се затресе мрежата на Каспер Шмајхел во првото полувреме, меѓутоа голот на Исам Џебали беше поништен поради офсајд па се скрати радоста на Тунижаните.

Во финишот од првиот дел истиот играч влезе во одлична шанса еден на еден со голманот, но не реализираше.

Иницијативата ја презеде данскиот национален тим, но немаше сериозни шанси пред двата гола подолг период. Данска во самиот финиш создаваше неколку прилики, а Корнелиус ја погоди стативата и тоа беше нивната најдобра прилика за гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Клоп се откажа од дебатата за улогата на Кимих во Германија

Јирген Клоп ја изрази својата фрустрација од постојаните прашања за иднината на Јошуа Кими…