Дома Останати Ракомет Данска во фантастичен натпревар ја победи Шпанија и обезбеди финале со Шведска!

Данска во фантастичен натпревар ја победи Шпанија и обезбеди финале со Шведска!

Ракометарите на Данска се вториот финалист на СП во Египет. Во полуфиналето тие беа подобри од Шпанија со резултат 35:33.

Од првата минута на овој меч гледавме атомски ракомет. Данска доминираше од самиот почеток, лесно ги решаваа ситуациите во нападот, а во еден момент имаа и плус пет (13:8). Сепак, до крајот на првото полувреме Шпанија успеа да се врати и да намали на минус 2 (18:16).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во продолжение Данска ја чуваше предноста, додека Шпанија констатно се закануваше.

Сепак, во 46. минута дојдоа на минус еден и се вратија во натпреварот. Четири минути подоцна имаа шанса и да изедначот, но Ландин ги спаси Данците. Данска потоа со голот на Хансен отиде на два разлика, а Гидсел на шест минути до крајот погодува за три разлика и тука изгледаше дека доаѓа крајот за Шпанците.

Меѓутоа Шпанија не се откажа и се врати. Во последните секунди имаа напад за изедначување, но ударот на Марчан заврши во пречката. Последниот напад Данска го реализираше за конечни 35:33.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Судиска анализа: Струга оштетена за пенал во Ѓорче

Во викендот кој е зад нас се играа натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска л…