Барселона го информираше ветеранот Дани Алвеш, дека веќе не смета на неговите услуги.
Бразилецот прифати да игра за минималец, седум месеци даваше максимум, но клубот реши да не му даде нов договор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој остана разочаран од клубот и денес со емотивна порака се прости од фановите на Барселона.
„Дојде време за разделба, осум години му бев посветен на клубот и неговите бои. Но, како и се друго во животот, годините проаѓаат, патиштата се разидуваат, а приказните се пишуваат на некои други места. Се обидоа да ме отпишат, не можете да замислите колку сум отпорен, нели? Би сакал да му се заблагодарам на целиот персонал кој ми даде шанса да се вратам во овој клуб и да го облечам овој магичен дрес уште еднаш, тие не знаат колку сум среќен, да се надеваме дека нема да им недостасува мојата лудост и среќа секој ден. Лавот останува лав и кога има 39 години“, напиша меѓу другото Бразилецот.