Јирген Клоп по крајот на сезоната го напушта Ливерпул, а германскиот стручњак би сакал да го види тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо како негова замена на „Енфилд“.
Она што 42-годишникот го прави со Фармацевтите е неверојатно. Со напаѓачки фудбал „гази“ се пред себе, а синоќа Јирген Клоп му го „одобри“ доаѓањето во клубот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
“Чаби Алонсо е одличен. Тој врши неверојатна работа и не го кажувам тоа само затоа што си заминувам од Ливерпул. Ако ме прашавте истото пред осум недели, ќе реков: “О мој Боже”. рече Клоп.
„Пристигна новата генерација на тренери. Би рекол дека се издвојува Чаби Алонсо. Тој е одличен“, додаде Јирген Клоп.