Дома Топ вести Дали ѕвездата на Тотенхем со овој потег најави голем трансфер?

Дали ѕвездата на Тотенхем со овој потег најави голем трансфер?

dele ali kane

Деле Али е фудбалер за кој во последно време многу се зборува, а причина за тоа се неговите фантастични настапи во дресот на Тотенхем.

Фудбалерот на Тотенхем, Деле Али е мета на голем број клубови, а посебен интерес за овој фудбалер истакна Реал Мадрид.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тотенхем и Реал во минатото знаеа да соработуваат кога во прашање се големите трансфер, да потсетиме од „Вајт Харт Лејн“ на „Сантијаго Бернабеу“ се преселија Герет Бејл и Лука Модриќ.

Дали Деле Али е следниот или можеби Кејн, не може да се каже во овој момент.

Она што во овој момент е сигурно е дека Деле Али од вчера е нов член на агенцијата која е добро поврзана со Реал Мадрид.

„CAA Sports“ во текот на вчерашниот ден доби нов член, 21 годишниот репрезентативец на Англија, Деле Али, стои во соопштението.

„Од самиот почеток беше јасно дека ова е компанија која може да ми помогне да го достигнам максимумот“, изјави Деле Али.

Треба да се истакне и дека со истата агенција веќе подолго време соработува Хари Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…