Дома Останати Тенис Дали Ѓоковиќ е најдобриот на сите времиња? Еве што вели Кирјос…

Дали Ѓоковиќ е најдобриот на сите времиња? Еве што вели Кирјос…

Aвстралиецот, Ник Кирјос уште еднаш порача дека нема подобар тенисер од Новак Ѓоковиќ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тенисерот од Канбера повеќе пати во последните години ја потсетуваше јавноста на фактот дека Ѓоковиќ е сопственик на скоро сите големи рекорди и поради тоа е најдобар.

„Мислам дека Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња. Има 24 грен-слема и сигурно може да освои уште неколку. Според мене не го ценат колку што заслужува. На турнирите е скоро 20 години, ми се допаѓа таа долготрајност“, изјави Кирјос.

Истакна Кирјос дека е важен тимот, односно луѓето со кои сте опкружени.

„Тимот е секогаш важен, важно е да има физиотерапевт кој патува со тебе и да имаш некој кој ќе работи со тебе во теретана. Тешко е бидејќи има ден кога тенискиот меч може да трае и пет часа. Потребен е и психолог, физички сте во ред, но ментално сте исцрпени. Да се вратите од таква ситуација е една од најтешките работи“, заклучи Австралиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Толку од рекордот на Ѓоковиќ: Синер е страшен, ги руши сите граници!

Јаник Синер без многу напор стигна до полуфиналето на Мастерс турнирот во Рим. Зошто пробл…