Светското првенство во Русија е завршено. Французите го освоија златото, Лука Модриќ наградата за најдобар играч, а Хари Кејн наградата за најдобар стрелец.
Напаѓачот на Англија до „Златната копачка“ на Мундијалот стигна со шест погодоци и тоа е бројка која е солидна.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, Кејн не импресионираше со своите настапи. Пет од неговите шест погодоци се постигнати во групната паза (хет-трик против Панама), три постигна од Панама, а еден од погодоците постигна откако случајно топката го погоди после ударот на Лофтус Чик.
Најголемо разочарување за навивачите на Англија е што Кејн не успеа да постигне гол кога беше најпотребно, во четвртфиналето и полуфиналето. Поради „Златната копачка“ на Кејн на социјалните мрежи беше прогласена за најлоша на сите времиња.
„Златна копачка на Кејн е најлоша на сите времиња“, Кејн не ја заслужува“, „Го доби она за што играше, тој не може да биде лидер“, „Кејн со измама дојде до Златната копачка“, се само дел од коментарите на Твитер наменети за најдобриот стрелец на Мундијалот.
Congratulations to @HKane on winning the golden boot. Welcome to the club, young man.
— Gary Lineker (@GaryLineker) July 15, 2018
Kane frauded his way to the golden boot ??
— Veevy Cule (@FinallyVeevy) July 15, 2018
If Kane shows off his golden boot from the World Cup then it confirms for me that he only cares about individual trophies, although winning it is an achievement, after the disappointing week we have had he should just go about it quietly, it’s because of him we ain’t in the final
— MR DT © (@MrDtAFC) July 15, 2018
Harry Kane doesn’t deserve the golden boot
— Alexander Denson (@alexdenson14) July 15, 2018